Еден од клучните проблеми во нашето општество е насилството кое во последните три децении ја одреди и судбината на многумина . но и на идните генерации. Тоа најповеќе е искористено од страна на оние кои се на позиции . За жал воедно насилството стана и легитимна форма на однесување и пресметување со неистомислениците и луѓето кои не сакаат да се потчинат кон оние кои се на позиција.
Еден од оние кои го опшишале најдобро структуралното насилство е и Махатма Ганда кој кажал: “Држење на народот во беда и незнаење е најлош облик на насилство„
Исто така и на нашиот народ токму ова се случува.
Структуралното насилство е форма на насилство каде државата . го прават општеството недоволно и адекватно со сити услови за секој човек и општество. . Кога се наведува држава и општество се мисли на државни институции правосудниот систем. НВО, синдикатите и сл.
Сите тие имаат еден вид на позиција на делување. Всушност се работи за следното:
1.Тие не ги спорведуваат законите на било кое ниво и се донесуваат како да светот започнал од моментот откако се тие на власт, и дека прописите ги користат кога ним им одговара, вршат дискриминација , не ги почитуваат процедурите и др.
2. Власта не ги менува законите кои се дискриминаторски кон поединци или групи, или прават нови каде луѓето ги ставаат во нееднаков третман.
3. Власта донесува закони кои ги задоволуваат нивните потреби , а не потребите на граѓаните.
4. Власта донесува закони и и спроведува постапки каде ја манипулира јавноста, со сикривени информации и дава погрешна слика за благосостојба или пак опасност од зависност на нивните потреби.
5. Власта не прави доволно да го запре или ја казни било каква форма на насилството и дискриминација.
6. Власта не спроведува амбиент на еднакви можности за сите. Поголемиот дел не се грижи за малцинствата , туку ги задоволува само своите потреби.
7. Некои поединци стануваат легитимни и легални без накмалку да сносат некоја одогворност или вина.
Ова е само еден мал дел од наведени примери за да се прикаже перцепцијата на таквиот начин на функционирање. Тоа што можат да ни го ветат е дека ќе се борат со сите средства за да ги запрат сите форми на насилство , дека ќе се слушне гласот на дискриминираните , тие кои се малцинство , и маргинализираните , до кој никој не доаѓа кога им е најпотребно.
Дефинитивно сите нам како обичен народ нема да не боли доколку сме жртви на оние кои ни се отворени непријатели. Од нив неможе да се очекува пријателски однос. Но навистина боли од страна на луѓе јому сте му ја дале довербата да не води, а се однесува кон својот народ како кон најголем свој непријател , и тоа се во име на личните интереси.