Мирсат Мухединов од населба Баир е битолчанецот кој пред некој месец започна да се грижи за чистотата на обиколницата и неколку годишниот проблем кој навистина беше проблем број еден за Битола и возилата кои сообраќаат на ова делница.
Чувството е многу добро кога работиш за иднината на своите деца и мојата фамилија и со тоа допринесуваш за доброто на сите и животната средина.
Секоја слика за успешна работа е моја среќа за која самиот сакам несебично да си се пофалам.
За чистењето на обиколницата сум ангажиран околу 7 саати дневно и има доволно работа.
Бидејќи тој пат е обиколница и на него сообраќаат многу возила, мојата мисија е и да се спречи да не дојде до некои несакани последици, патот да биди чист и безбеден за возачит Искажувам голема благодарност до градските власти и ЈП Комуналец кои ми дадоа шанса за на еден хуман и човечки начин да можам да се докажам за доброто на нашиот град каде живеам.„ напомена на крај Мухединов