За добра работа и висока плата не е доволна само факултетска диплома, некогаш таа и не е потребна.
Агенцијата за вработување во САД објави статистика поврзана со просечната годишна заработувачка во државата.
Резултатите, меѓутоа, покажуваат и кои професии можат да се работат со вишо образование, а некогаш се поисплатливи отколку со завршен факултет.
Очекувано највисоки плати имаат докторите на наука, но и оние кои се вработени во здравствениот сектор, анестезиолози, специјалисти и хирурзи.
Овие седум професии спаѓаат во добро платени занимања, кои во САД можат да се работат без факултетска диплома:
- Контрола на лет – просечна годишна заработувачка од 124.540 долари
- Радиолози – просечна годишна заработувачка од 80.570 долари
- Нуклеарни техничари – просечна годишна заработувачка од 80.370 долари
- Организатори на погреби – просечна годишна заработувачка од 78.040 долари
- Технолози по нуклеарна медицина – просечна годишна заработувачка од 75.660 долари
- Дентални хигиеничари – просечна годишна заработувачка од 74.070 долари
- Медицински оператори во дијагностика – просечна годишна заработувачка од 71.410 долари.