Општо е познат фактот дека росмките свадбени обичаи се интересни и полни со фолклор и традиција.
Но исто така има и други интересни свадбени обичаи ширум светот. Еве неколку од нив кои можеби во некое догледно време ќе бидат прифатени од помодарство.
Во Естонија обичајот дека девојката која ќе го фати букетот на невестата следна ќе се омажи, изменет е во корист на мажите. На младоженецот му ги врзуваат очите и го вртат во круг. Неженетиот маж на чија глава младоженецот ќе го стави шеширот следе ќе биде „ фатен “.
Во Јапонија постои традиција на ритуално пиење на девет чаши саке во тек на церемонијата на венчавање.
Италијаните ја сечат вратоврската на младоженецот и ги продаваат деловите за да го финансираат нивниот меден месец.
Невестите во Летонија се „киднапирани “ и младоженецот мора да плати откуп ( песна или тура пијалок ) за да ја добие назад.
На финска венчавка мајката на младоженецот држи тањир на главата кога младите ќе го заиграат првиот танц. Бројот на парчиња на кои ќе се скрши тањирот претставува број на деца кои ќе ги има парот.
Во Германија младенците заедничкиот живот симболично го започнуваат со сечење на стебло. Во оваа земја тоа е традиција до која се држат младите како во животот сите тешки задачи би го совладувале со успех.
Во Холандија младенците во дворот околу својот дом посадуваат лилјани како симбол на обновување на нивната среќа и љубов со секоја нова сезона.
Дел од традиционалната венчавка во Судан вклучува спалување на седум дршки од метла од страна на главната деверица што симболизира отфрлување на лошите навики пред почеток на брачниот живот.