Мојот детски плач, спас за живот!

Осамна зората, и само што се разденуваше, беше знак дека 25 годишната млада Ромка од Стара Топаана треба да стане и да го запали огнот во малото дворче пред куќата и казанот со алиштата да биде ставен за да ги проврие, да ги испере, за потоа да стави на јажето да се исушат.

Младата Ромка во себе си помисли:„Денес ќе биде исто топло како и вчера, и ќе се исушат бргу„

Веднаш додека водата почна да се загрева, таа со старата метла почна да го мете малото дворче, и за да не се дигне прав, со лимена кофа ја испрска земјата.

Огнот под казанот со алиштата се потфати и водата почна да клокоти. Тоа беше знак дека треба да го земе старото корито каде целиот казан со се алишта беше претурен во старото корито.

Седна покрај коритото и со рацете започна силно да ги трие алиштата со сапунот кој и беше меѓу дланките. Триеше посилно со желба да бидат бели и испрани како и секогаш, и кога ќе ги постелеше да зрачат од белина и чистоќа.

Но наеднаш во целата нејзина зафатеност и размислување во врска со белината на тие алишта, ја сепна и прекина детскиот плач од внатрешноста на трошната куќичка.
Се сепна, се сврти накај вратата и во себе си рече: „Ах бре дете , сега ли баш најде да плачеш. Сигурно е гладно сака да го дојам. Многу рано се разбуди. Пет е часот!„

Влезе внатре во собата скромно средена, со постела од душек и чаршаф, го подигна малото 1.5 годишно дете и го зема во прегратки. Детето уште плачеше, очигледно беше дека сакаше млеко!

Излезе од тремот и седна во дворот во близина на коритото го приближи кон себе и започна да го дои! Очигледно детето го почувствува мирисот на мајчинското млеко, и веднаш плачот го замени со молк и мирно цицање од мајчинската дојка.

И така додека детето мирно доеше во прегратката на својата мајка, одеднаш како подземен татнеж почна да се чувствува треперење на самата почва.

Треперењето и потоа огромното тресење се претвори во хаотичан неконтролирана катастрофа.

Се слушаа хаотични врисоци и слика која не се заборава. Трошните куќи од Стара Топаана една по една се губеа од видикот.
Ништо не беше подобра и сликата од трошното куќарче на младата Ромка со бебето.
Сликата беше ужасна. Ѕидовите од внатрешност на малата соба кај што до пред 3 минути спиеше мирно малото дете беа еден врз друг срушени токму врз импровизираната постела од душек и чаршаф!
Беше 26 јули 1963 година, а часот беше 05:17.
Мојот тогашен детски плач, всушност беше плач за продолжен живот!

Така сакаше да биде!

Ова се всушност и кажувањата на мојата сега покојна мајка по нејзиното сеќавање на првите моменти од катастрофалниот земјотрес во Скопје на 26 јули 1963 година

Youtube:

 

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 192 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот