Според „Банката за храна - Македонија“ , и проектот „ВСС Ефект“, поддржан од Европската Унија, кој неопходноста од законот ја илустрира со податокот дека над 70.000 македонски граѓани имаат само 2 до 3 оброка неделно, а над 12 илјади тони употреблива храна се фрлаат на депониите.
„Работната група работеше од крајот на март 2019 до крајот на јули 2019, а работата се реализираше низ десет работни сесии при што успеавме некако да се согласиме и го составивме предлог - законското решение за актуелната тема, вишокот храна и ставање на истата во корист на лицата и семејствата во социјален ризик т.е. на сите оние кои ќе имаат потреба од храна.
Ништо не смее да се импровизира и да се однесува кој како ќе му текне, од една страна да се води ПР преку човекољубие, а од друга страна, да се загрозат животи на корисници кои и не по своја волја би пристапиле да побараат храна“, предупредува Христов, членик на организацијата која се грижи за поддршка и помош на социјално исклучените и сиромашни лица.