Не барам никакви посебни права како Ром, туку во прв ред како секој друг граѓанин на Хрватска. А тоа значи дека очекувам да не ми се кршат основните граѓански права кои ми се загарантирани со Уставот.
Ром полицаец во Меѓумурие. Ви звучи тоа сензационално? Можеби затоа што сме полни со предрасуди.
Стојан Богдан е еден од ретките во Меѓумурие. Поточно во целиот тој регион роми полицајци се само двајца! Тој е од Чаковец има 31 година , бо полицијата работи осум години и неодамна го положи и испитот за чин повисок службеник во полицијата.
Тој за себе вели дека се среќава и со предрасуди од сотанатите но очекува пред се него да го гледаат како и секој граѓанин на Хрватска , а не некој кој асоцира на човек без култура и слично.
Тој за себе вели дека би сакал да биде пример во позитивна смисла на помладата генерација и дека „ако можел тој зошто да не можат и другите„ и потребно е само желба и истрајност.