Ќе се изнајде ли решение за 24 семејства Роми од Старата Касарна во Кочани? Ромите се чувствуваат заборавени!

Во 21 век да се живее без водовод и канализација, во фекалии, депонии и извор на заразни болести, а лоцирани се во непосредна близина на центарот на градот. Овие услови веќе над 24 години ги следат 24 семејства кои се во Старата Касарна во Кочани. Севкупно се 100 луѓе вклучувајќи и 39 деца.

Тие велат дека без разлика на која политичка гарнитура на власт, ветувањата се исти, но решение сеуште нема. Без основни услови за живот овие луѓе се оставени сами на себе. Се жалат дека се сосема заборавени и отфрлени, а се интересни само за време на избори, кога доаѓаат политичарите им ветуваат и толку!

Од локалната самоуправа на градот Кочани градоначалникот Николче Илијев, ексклузивно за порталот Рома Тајмс велат дека за Старата Касарна има најдено решение и локација, како и обезбеден простор. Вредноста на објектот кој е во план да се изгради изнесува околу 350.000 - 400.000 евра.

Општината ги нема тие средства и затоа планираат преку проекти да се приберат за да се стартува таа изградба на новата локација која ја наименуваа како Кварт 5! Се планира изградба на смесувачки објекти за 24 семејства плус 4 како резерва.

Кога би се случило тоа, никој нема одговор.

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 132 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот