На почетокот на март 2015 година РДИЦМ од својата канцеларија објави повик да приложат документација стари лица -Роми кои се родени од мај 1945 година и постари, за да можат да се испратат во Германија - Берлин пред тамошниот пензиски фонд, за евентуална исплата на една форма отштета (пензија) за нивните страдања за време на Втората светска војна.
Во тој германски пензиски фонд требаше да одлучат дали има можност да се исплати некој вид на месечна пензија за тие стари лица се додека се живи, ако се докаже дека за време на втората светска војна тие не беа сосема слободни во своите активности и движења, ниту им беше понудена некоја форма на алтернативна заработувачка.
Во тој контекст тие поради ограничените движења и контроли, беа принудени да бараат сами работа и на тој начин да се прехрануваат себе си и своето семејство, а при тоа да се изолирани во еден вид на отворено гето - место каде живеат под контрола и набљудување без можност за некое слободно движење и функционирање.
Поради тоа РДИЦМ како организација им се понуди да им асистира (помага) во тие нивни барања и аплицирање. За таа цел исто беше ангажиран и еден адвокат од Германија кој пред тој пензиски фонд би ги бранел нивните барања.
Покрај документацијата (копија од извод, не постар од 6 месеци ,- доказ дека тие лица се уште живи, како и напишана нивна лична изјава), заради превод на тие изјави на германски беше потребен ангажман и на преведувач на германски кој сите тие изјави ги преведе на германски јазик и беа испратени до Пензискиот фонд во Берлин, а кој чинеа 300 денари (5 евра) кои старите лица ги платија од свој џеб, за потоа некои „душегрижници„ почнат да манипулираат со старите лица дека наводно Зоран Димов тие пари ги ставил во свој џеб и ги искористил за свои потреби!!!
Поминаа скоро 4 години за потоа од страна на фондот беа информирани дека сите тие барања се без основа, од причина што во Македонија , а исто и во Србија на тие места кај што живееа Роми немало никакво гето ниту пак некоја форма на набљудување на тие места на живеење, ниту присилна работа.
Истовремено од фондот наведуваат дека според историчарите Ромите во своите места живееле без присила и употреба на физичко насилство.
Од сето ова произлегува дека најпрво РДИЦМ и Зоран Димов, својот дел го заврши најкоректно и повеќе од тоа и дека целата фама околу тие 300 денари дадени од страна на старите лица се без основа и многу ниска провокација од страна на некои несовесни ромски личности. Втора работа е дека сите апликации на тие стари лица се испратени и стогнати во Берлин, но ете Берлинскиот фонд, мисли поинаку, овластениот адбокат кои ги брани интересите на старите Роми ги обжали одлуките пре д судот, но и судот е на исто мислење како и берлинскиот пензиски фонд.
Но според Зоран Димов, тој вели дека нема да застане тука туку напротив ќе се бори до крај за да стигнат старите Роми до својата заслужена правда. Поради тоа тој веќе на крајот од Јуни во Скопје од 27 до 30 Јуни организира Парламентарна сесија на Интернационалната Ромска Унија -ИРУ чиј е и претседзател , а во тие рамки организира и Научни симпозиуми меѓу кои еден од нив е токму и темета „Состојбата на Ромите од Македонија и Балканот за време на Втората Светска војна и постоењето на ромски гета„
Со сите нови сознанија и научни историски мислења кои ќе ги презентираат познати историчари и познавачи на ромското минато , ќе ги достави и до германскиот суд и берлинскиот пензиски фонд , како релевантни докази и оспорување на нивните тврдења кои се сосема спротивни.
Овие стари Роми заслужуваат почит и пред се вистина за нивните страдања за време на Втората светска војна.