Во изминатиот период во рамките како една од превземените активности од страна на Владата на Р.С. Македонијаи формирано е Координативно тело за изготвување на Националната стратегија за развој на концептот за едно општество и интеркултурализмот.
Како претседател на тоа тело е назначен Роберт Алаѓозовски, а во тоа тело учествуваат и разни други владини, членови на меѓународни институции, невладиниот сектор и други.
Во периодот кој помина беа одржани повеќе состаноци и дискусии во изготвување на Нацрт текст за изготвување на Националната стратегија за развој на концептот за едно општество и интеркултурализмот.
Инаку овој Нацрт текст преставува документ кој прв пат се подготвува во РСМ и е од посебно значење бидејќи треба да иницира активност и да ги зајакне процесите на комуникација и соработка помеѓу различните култури и заедници во насока на создавање на општество кое е фер и правично и ги прави сите граѓани подеднакви.
Нејзината цел е да се создаде општество во кое секој ќе се чувствува како припадник на „едно општество„ и преку неа да се спроведат препораките на меѓународните тела на ОН, СЕ, ЕК како и ОБСЕ.
Воедно ова преставува и еден „добар ветар во грб„ за да се изреализира една идеа (проект) од страна на ЗРДИЦМ заедно со помош од државата и партнер организации профункционирање на Историски Ромски ресурсен центар (ИРРЦ). Замислата и идеата е тој Центар да профункционира во Музејот на музиката и уметноста Стево и Есма Теодосиевски.
Инаку Координативното тело на изготвување на нацрт текстот Националната стратегија за развој на концептот за едно општество и интеркултурализмот според нивна перцепција постојат огромни шанси и капацитети да профункционира оваа идеа.