Фактот дека Ромите од Европа имаат своја богата историја и традиција го покажува и извадокот од книгата на Емилија Хорватова од Словачка насловена како „Ромите од Словачка„. Книгата е издадена во 1964 година.
Во ена е наведено дека според уписот во даночната книга во периодот 1522 - 1523 година Ромите се занимавале со многу професии. Најчести биле музичари, котлари, ковачи, изработувачи на накит, производители на ножеви, влечки, теписи, кројачи, кожари. месари и друго.
Истовремено како еден од главните извори на приходи беа и одгледувачи на коњи како и нивна препродавање. Во една од своите патеписни забелешки од Евлија Челебија од 1668 година забележнао е дека Ромите исто така биле и членови на разни занаетчиски здруженија - еснафи.
На таа листа биле регистрирани и околу 70-тина мажи кои се занимаваа со мечки, . а трговци со коњи околу 300.
Инаку Емилија Хорватова во својата книга забележува дека Ромите во Европа се забележани уште во 1348 година на територија на Србија