Автобусот што редовно сообраќа на релација Скопје - Гостивар на 13 февруари околу 16.45 часот излета од патот кај тетовското село Ласкарци и однесе во смрт 14 лица.
На самото место загинаа 7 лица, а седум им подлегнале на повредите во скопските болници каде беа сместени.
Возачот ја преживеа страотната несреќа и со него разговараше полицијата и тој моментално е во болница и треба да помогне да се утврдат причините за страотната несреќа која вчера ја потресе Македонија.
По тој повод во Македонија прогласена е дводневна жалост.