На 10 Февруари 2019 година на 71 годишна возраст почина познатиот поет, писател и јавна личност на Индија Дев Бардвај. Со ова ромската нација изгуби еден врвен интелектуалец, активист и ромски борец.
Дев Рај Бардвај е роден на 20 Ноември 1948 година во Гурдаспур - Панџаб, Индија.
Основно образование завршил во неговото родно село Марар додека високо образование во Чандигар, каде што се преселил во 1966 година. Тој има напишано повеќе книги со раскази, драми и книги за деца, како и преводи на некои светски познати класици во Пенџаби.
Инаку Дев Бардвај беше член на писателите на светските нации во Казахстан и регионалниот главен претставник на сојузот на писатели на светската нација (Казахстан) за државите Панџаб и Хариана во Индија.
Истовремено беше и почесен член на Сахтија Академијата во Чандигар како и добитник на Државната награда за полн придонес во литературата во 2012 година