Потпреседателот на Владата на Србија проф. др Зорана Михајловиќ на своето преседавање на третата седница со Координативното тело за следење на реализацијата на Стратегијата за Социјална инклузија на Ромите во Србија (2016-2025), каде се разговараше за реализација на проекти за инклузија на Ромите и изработка на нов Акциски план и спроведување на трајни решенија за домување и подобрување на инфраструктурата во ромските населби.
Истовремено се раговараше за воспоставување на регионални стандарди за одговорно буџетирање на политиката за инклузија на Ромите.
Михајловиќ истакна дека Владата на Србија е посветена на инклузијата на ромската заедница во општеството , кое подразбира подобри услови во областа на вработување, социјална заштита, образование, здравство и домување.
Таа ги запозна членовите на Координативното тело со тоа дека во моментот се реализира проект за подобрување на инфраструктурата и условите нза домување во ромските насеби во 13 градови и општини во вредност од над девет милиони евра, и дека низ новите ИПА програми ќе бидат обезбедени 20 милиони евра за социјалнодомување и вработување на Ромите.