Присутни беа ромски политички преставници во Владите и парламентите од Унгарија, Хрватска, Северна Македонија, Србија, Романија, Словачка како и ромски лидери преставници на ромски интернационални организации како што е се претседателот на ИРУ Зоран Димов, и секретарот на ИРУ Парламентот и благајник Вели Хусеин. Имаше и присуство преку он лајн видео мрежа и на други ромски лидери од ЕУ и Западен Балкан.
Самитот беше во организација на на тројцата ромски преставници во владините институции на Унгарија, која воедно е и Претседавач со ЕУ, Атила Стојка, државен секретар за социјална инклузија и односи со Ромите, Министерство за внатрешни работи, Унгарија, Хорват Јанош Шандор др. Генерален директор на Генералната дирекција за социјална инклузија и Аба Хорват Иштван претседател на унгарската ромска национална самоуправа.
На самиот Самит се дискутираше и имаше неколку панел сесии:„Улогата на избраните ромски службеници во развојот на политиката на ЕУ и Западен Балкан“
„Координација на националните и стратегиите за инклузија на Ромите на ниво на ЕУ и Западен Балкан“, „Зајакнување на политичкото влијание на Ромите во институциите на ЕУ и Западен Балкан“ и „Креирање механизми за одговорност за спроведување на политиките“
Овој самит е само вовед во уште неколку други Самити кои се планирани за 2025 година кој има за цел да се зајакне институционално политичкото влијание на Ромите од ЕУ и Западен Балкан во институциите и поквалитетно креирање на идните политики поврзани со Ромите и Ромското прашање.
Инаку донесените заклучоци и препораки од овој Самит ќе бидат доставени и до Европскиот Парламент, Комисијата како и Советот на Европа.