ЕУ: Тирана кон првиот кластер, Скопје во лер

На 15-ти октомври се очекува да се одржи Втора меѓувладина конференција ЕУ-Албанија во Луксембург, по што ќе се отворат поглавјата од кластерот 1 „Темелни вредности“. Таква одлука едногласно донеле постојаните претставници на ЕУ на вчерашната средба во Брисел, објавија регионални и медиуми во соседна Албанија.

„Се дознава дека сите земји членки на  Европската унија, вклучително и Грција,  се договориле втората меѓувладина конференција да се одржи кон средината на октомври“, наведуваат медиуми во Албанија.

Повикувајќи се на извори во албанскиот парламент, тие информираат дека на втори октомври  албанската влада ќе ја достави нејзината преговарачка позиција до Брисел, а на 15-ти октомври ќе се организира Втората меѓувладина конференција. Претседателката на собраниската комисијата за интеграции, Јорида Табаку, ги потсетила сите членови на комисијата дека документот за преговарачката позиција на албанската влада е доверлив и дека секој од нив се потпишал на изјава со која се обврзува дека нема да го објави. Албанија, исто како и РСМ, официјално ги отвори преговорите за членство во ЕУ во јули 2022 година, по што почна процесот на аналитички преглед на нејзината законска регулатива, познат како процес на скрининг. Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, по минатонеделната средба со македонскиот премиер Христијан Мицкоски, ја поздрави Северна Македонија за геостратешката ориентација и посветеноста за пристапување кон ЕУ, но ја повика да ги почитува преземените обврски и да ги спроведува правно обврзувачките договори.

 

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 432 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот