Љупчо Палевски е фатен во Турција кај градот Беликесир, од страна на турската полиција, започна постапката за екстрадиција на Љупчо Палевски

Министерството за правда од надлежните турски власти побара Љупчо Палевски да биде задржан во притвор поради екстрадиција сè до завршувањето на постапката. „Очекуваме од Република Турција веднаш да постапи по нашето барање“, информираат од министерството.

Изутринава (6.12) е добиено официјално известување од Интерпол, дека Палевски, кој се бара со меѓународна потерница е уапсен во Турција.Министерството за правда веднаш ја отпочнало постапката за екстрадиција. По комплетирањето на документацијата и преводот на списите на турски јазик, тие ќе бидат доставени до турските органи. 

Барањето за екстрадиција треба да го потпише министерот за правда, Кренар Лога или лице овластено од него. Кога постои опасност дека лицето чијашто екстрадиција се бара ќе побегне или ќе се сокрие, министерот може да бара против тоа лице да се преземат законските мерки заради негово привремено притворање.

По завршување на постапката во Турција и откако ќе биде одобрена екстрадицијата, ќе биде договорено кога и каде да биде преземен Палевски. Засега нема официјални информации дали постои некаква пречка за екстрадиција на осомничениот за две убиства.  

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 126 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот