И 24 април и 8 мај 2024 година се ден среда. Освен за датумите за избори, и Ковачевски и Мицкоски рекоа дека на лидерската средба имало широк консензус за спроведување на забелешките за Изборниот законик од ОБСЕ/ОДИХР
Лидерите на парламентарните партии на тричасовна средба постигнаа договор за датумите за претседателските и парламентарните избори кои треба да се одржат идната година. Првиот круг од трката за шеф на државата ќе се одржи на 24 април, а вториот круг ќе биде заедно со парламентарните избори на 8 мај. И 24 април и 8 мај 2024 г. се ден среда. Потврда дека датумот на изборите е договорен, по прес-конференцијата на Ковачевски, стигна и од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Освен за датумите за избори, и Ковачевски и Мицкоски рекоа дека на лидерската средба имало широк консензус за прифаќање на забелешките за Изборниот законик од ОБСЕ/ОДИХР.