Екслузивно интервју со пратеничката во македонското Собрание Љатифа Шиковска: „Нема да се кандидирам на наредните парламентарни избори. Мојата политичка кариера нема да ја продолжам„

Рома Тајмс: Колку сте задоволни од Вашите активности  во Вашиот прв мандат како пратеник во Собранието на Р.С Македонија?

Љатифа Шиковска: Генерално, имајќи ги предвид сите околности и случувања во собранието и надвор од него,  сум задоволна  од моите активности, заложби, и застапување на интересот на Ромската заедница во решавање на предизвиците и потребите со кои три децении се залагаме да ги решаваме.

РТ: Вие претходно бевте активни и познати по вашиот ангажман во НВО секторот. Вашиот ангажман и сега како пратеник е забележлив во активностите нарочито во делот за бездомните лица и нивно домување како и регистрација на лицата без документи? Како ги оценувате досегашните активности?

ЉШ: Да, додека бев дел од граѓанскиот сектор, активно и со конкретни активности и проекти се залагавме да ги решиме и ги решававме  дел од потребите на Ромите во образованието, домувањето и секако лицата кои не беа регистрирани во матичните книги на родени. Како дел од Амбрела пред мојот мандат како пратеничка, преку проектни активности поддржани од Ромски едукативен фонд (РЕФ) Будимпешта, повеќе од 1000 деца на предшколска возраст од 3 до 5 год. беа вклучени во детската градинка во Шуто Оризар. Ги поддржувавме и децата во ОУ Браќа Рамиз Хамид и ОУ 26 Јули, преку проектот ТУТОРСТВООколу 100 лица од општина Ш.О.  кои не успеале да го довршат основното и средно образовани со наша поддршка го докомлетираа своето образование со издавање на валидни сведителства и дипломи од МОН.

Во однос на бездомништвото, Амбрела во соработка со МТСП успеа да ги дислоцира 36 семејства кои повеќе од 10 години живеаја под така нареченото Под Кале, без основни услови за живот без вода и струја. Со поддршка на МТСП семејствата беа сместени во нови бараки целосно опремени внатре со соодветни услови за живот , на локација во Визбегово. Децата веднаш ги запишавме во училиште и истите сеуште и денес одат во училиште. Но секако моите застапувања во однос на бездомништвото продолжуваат, се додека семејствата не добијат социјални станови. Проблемот со лицата кои долги години не се запишани во матичните книги на родени, од кои повеќето се деца на возраст од 1 до 17 год. е навистина еден од најгорливите предизвивици.

Токму затоа во собранието на СМ со поддршка на одредени пратеници, поднесов закон за системско решение на овој проблем. Законот беше изгласан во месец Јуни 2023 год. и истиот веќе се имплементира. Инаку по моја иницијатива, а поддржана од неколку пратеницина и со пддршка од МВР и Министерствот за правда на 125-та седница која се одржа овој месец беа изгласани 2 закона, од кои едниот за живеалишта, адреси и престојувалиште, додека вториот закон за лична карта. Законите на комисиската расправа беа подржани и од позицијата и од опзицијата и на наредната седница на Собранието ќе биде изгласани вие закони кои се многу важни за Ромската заедница. Со поддршка на одредени НВО организации се работи на терен за да се најдат сите лицата кои не се регистрирани во МКР да поднесат барање за упис во редовната матична книга на родени, и да си добијат изводи со матични броеви како што имаме сите ние, а со тоа ќе можатда ги остваруваат сите права, согласно Уставот и законите во РСМ. Очекувам до крајот на годинава овој проблем конечно да биде решен и затворен, да имаме нула лица без извод на родени.

РТ: Какво е вашето гледиште околу усвојувањето на НАП- овите, ако се знае дека Р.С.Македонија ја усвои Националната Стратегија уште пред 2 години... Дали и уште колку ќе се чека на нејзино усвојување?

ЉШ: Да, точно е дека Националната Стратегија е усвоена пред две години, но сеуште се чека на усвојување на НАП-от од страна на Владата. Искрено не сум доволно во тек што се случува и зошто се доцни. Задолжени за Стратегијата и НАП е одделението за Стратегија наменета  за  Ромите во РСМ при МТСП .Можеби повеќе информации во однос на стратегијата и НАП ќе добиете од нив и Советникот на Премиерот на Влада.

РТ: Дали Уставните измени ќе бидат донесени во предвидениот рок?

ЉШ: Одсекогаш сум била оптимист а и сега сум, моите очекувања се дека опозицијата ќе се охрабри и ќе донесе вистинска одлука, гласајќи за отварање и промена на уставот. РСМ и граѓаните чекаат цели 30 год. за започнување на преговорите со ЕУ  и, секако да стане рамноправна членка во ЕУ. Оваа шанса РСМ не смее да ја пропушти.

РТ: Дали планирате да се  кандидирате и на следните избори за пратеник?

ЉШ: Љатифе Шиковска, нема  да се кандидира на наредните парламентарни избори. Мојата политичка кариера нема да ја продолжам. Оставам простор на други наши Роми / Ромки да продолжат да ги застапуваат интересите на заедницата на повисоко ниво преку политичко учество.

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 238 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот