Во врска со ФБ објавата на актуелната министерка на МТПС Јована Тренчевска во врска со дводневниот работен состанок за социјално вклучување на Ромите во Република Северна Македонија, на кој учествуваат претставници на Владата, Парламентот, меѓународни и граѓански организации, каде напомена и стои наслов „ Целосна инклузија на Ромите во општеството е обврска на која заедно работиме.„ –
https://www.facebook.com/permalink.php?story_fbid=126701383255471&id=101380972454179
Своја реакција имаше и Мрежата за застапување за ситемски и трајни решенија за интеграција на Ромите во Република Северна Македонија.
Во неа меѓудругото во интегралната реакција стои:
РЕАКЦИЈА НА СТАТУС НА МИНИСТЕРКАТА ТРЕНЧЕСКА ОБЈАВЕН НА СОЦИЈАЛНАТА МРЕЖА ФЕЈСБУК
?Вклучувањето на 400 деца Роми во процесот на предучилишно образование кои бесплатно престојуваат во градинките, ЛАГА!
Почитувани граѓани, тоа не е вистина туку ЛАГА. Во моментот во градинките нема повеќе од 200 дечиња и голем дел од нив плаќаат партиципација. Само еден пример: Сите деца во градинката 8 Aприл во Шуто Оризари плаќаат партиципација.
?700 стипендии на средношколците Роми на годишно ниво,
Да се тврди дека се поддржуваат 700 средношколци исто така е ЛАГА бидејќи и овде се многу помали бројките
?Високата стапка на вработеност на Роми во државната и јавна администрација, област во која нашата држава е пред сите останати во регионот, ЛАГА!
Кого сакаате да лажете нас или самите вас! Во државната и јавната администрација во моментот има 1% вработени Роми заедно со вработените во комуналните претпријатија кои вршат комунални работи како хигиеничари. Само за потесетување, според пописот 2002 години во Република Северна Македонија, нас Ромите не имаше 2.6%.
?поддршка во домувањето, во смисла на легализација на нивните домови, се дел од реализираните цели на кои министерството заедно со партнерите работеше изминатиов период. ЛАГА!
Легализацијата на домовите на Ромите е неостварлив сон полн со кошмари и корупција. Се може да се легализира, но само домовите на Ромите не. Наголемиот дел од градоначалниците тврдат дека Ромските маала се во зелен појас каде требало да се изгради парк.
?Во наредниот период се подготвува спроведување на зелена и дигитална агенда. Вклучувањето на Ромите во дигиталната агенда го гледаме пред се во подигањето на пристапот кон дигиталните средства, дигиталната писменост, поддршка на децата Роми во областа на образованието, пазарот на труд во смисла на стекнување и користење соодветни вештини, како и поддршка на Ромите претприемачи за дигитализација на нивните дејности. ЛАГА!
Со вакви паушални констатации не можеме да се согласиме. Прво ние не доаѓаме од некоја друга планета па да има специјална програма за дигитализација и ние сме од истите простори каде и останатите живеат, а за чудо сметаме дека и многу подобро ја користиме дигиталната технологија. Во однос на дигитализација на бизнисите само да знаете дека голем број на бизниси кои ги работат Ромите или се дигитализирани или не можат да се дигитализираат. Онлајн ковач не бидува.
?Во областа на зелената агенда, Ромите ќе бидат вклучени во циркуларната економија, со трансформацијата на системите за управување со разните видови отпад и други ресурси, ќе се појават и нови можности и нови работни места. ЛАГА!
Не, немој да не лажете. Секогаш не споменувате кога го споменувате отпадот. До кога Ромите ќе бидат поврзувани со отпадот? Тоа е стереотип и дискриминација. Чистењето на отпадот, за кој некако традиционално се задолжени Ромите, не е зелена агенда.
Ние се уште се соочуваме со улици кои се со кал, без основни услови за здрав живот, со празни стомаци и без обувки, а вие ни ветувате зелена агенда. Како само не ЛАЖЕТЕ!
За крај, пред само 7 дена Ромите беа повторно дискриминирани. Овој пат на полето на културата. Дали ромската култура, ромската музика и филм не заслужуваат поддршка? Дали Ромите не заслужија повеќе од парите наменети за поддршка на културата или пак ние немаме култура? Дали тоа значи и културен геноцид на Ромите? – се вели на крајот од нивната реакција зад кого стројат повеќе од 10 невладини ромски организации, здруженија и асоцијации