Според неофивијални информации од високи членови во партијата РОМ како кандидат за градоначалник на Шуто Оризари на овие локални избори ќе биде Тефик Махмут.
Ова се очекува да биде потврдено и во текот на викендов од страна на партијата РОМ. Од партиски извори се вели дека се разгледуваат сите услови кои ќе бидат подржани и од коалициониот партнер ВМРО ДПМНЕ .
Инаку досега како официјален кандидат за функцијата градоначалник во општината Ш.Оризари е назначен Асан Ферат од СДСМ.Како други кандидати за оваа функција неофицијално фигурираат уште и актуелниот градоначалник Курто Дудуш кој би бил подржан од ромскиот политички блок, како и Геге Демировски претседателот на Народната партија на Ромите.