Асоцијација Иницијатива за социјална промена ИнСоК – Скопје; Здружение на правата на Ромите – Штип; Здружение Ромски деловен информативен центар на Македонија - ЗРДИЦМ – Скопје; Национален ромски центар - НРЦ – Куманово; Организација на жени Штип; Рома Прогрес Скопје; Ромска органзиација на жените на Македонија – Даја- Куманово; Ромска Солза Прилеп; Ромски едукативен центар Амбрела – Скопје; Хуманитарно и добротворно здружение на Ромите Месечина – Гостивар; Центар за Развој на Ромската Заедница "Баирска Светлина" – Битола; Здружение за ромско-турско пријателство Ромско јато Битола,
Ј А В Е Н П О В И К
Почитувани граѓани!
Мрежата за застапување за системски и трајни решенија за интеграција на Ромите ги повикува преставниците на ромската заедница, граѓаните кои се со привремен статус во странство како и сите граѓани кои живеат во Република Северна Македонија за учество на ПОПИСОТ 2021 година.
Пописот 2021 година ќе ни даде информации и основни податоци за бројот, територијалната разместеност и структурата на населението според демографски, економски, образовни, миграциски и други белези. Со пописот исто така се прибираат и податоци за домаќинствата, живеалиштата и нивните карактеристики.
Почитувани наши сограѓани, наша должност е да учествуваме и ги дадеме податоците, а со тоа и овозможиме непречено спроведување на ПОПИСОТ 2021.
Мрежата за застапување за системски и трајни решенија ја информира јавноста дека ќе го следи целиот процес на изведување на Пописот и за евентуалните недоследности и пречки јавно ќе се произнесе по истото.
Со почит
Мрежата за застапување за системски и трајни решенија
за интеграција на Ромите во Република Северна Македонија
Скопје, 03.09.2021 година