Почнувајќи од 1 фебруари 2020 чест е да се биде жител на Ријека. Не само поради тоа што овој хрватски град стана Европска престолнина на културата, туку поради духот на градот кој децениски е со бунтовен карактер, борба за еднаквост ,, солидарен и ја подржува различноста како и антифашистички определен.
А што може и поинаку да се очекува од град кој по менталитет не одговара на државата во која припаѓа, ниту со тие кои се во неговото опкружување. Градот во кој и понатаму заедно живеат Хрвати, Срби, Италијанци, Албанци, Бошњаци, Чеси, Унгарци, Црногорци, Словаци, Роми, Македонци и Словенци. Во мир и слога под паролата на тактовите од песната „Бела чао„
Поради тие причини на хрватските политичари кој пропагираа говор на омраза , кој го вадеа од нафталин во текот на 90-тите , Ријечаните им одржаа лекција која никогаш нема да ја заборават , иако не беа присутни на часот.
На крајот што да се каже сем браво Ријечани. Им покажавте дека може и поинаку, човечки и против омразат која повторно се заканува да не заслепува.