Оваа 2019 е на заминување, а само што не започна 2020 година! И веднаш се наметнува онаа помисла „Што да се очекува во 2020 година?„ И воедно под прашање: „Што да очекуваат Ромите во новата година?„
Што се однесува до „рекапитуалорот„ и прашањето -Што направија досегашните децениски лидери на Ромскиот политички блок, за својот народ одговорот е едноставен - Скоро НИШТО!
Ако се елаборира и се погледне наназад во целиот период на нивното „политичко владеење„ на тие „единствените до сега ромски политички владетели„ и ако се сумира нивниот придонес до сега ќе се добие следното:
„Ромите во РМ во овие 27 – 28 години го достигнаа дното на живеење - или поинаку кажано цивилизиран опстанок
„Ромите и понатаму се диркриминирани, омаловажувани, потчинети, невидливи, правно е економски малтретирани, и исклучени од поголемиот дел на општестевните текови во државата„
„ Ромите и покрај законските превземени обврски за нивен приклучок во општеството, тие сеуште се далеку на маргините, и само „мртва буква на хартија„
Сите овие достигнувања се благодарение само на Господата „Вечни Лидери на ромскиот политички блок„. Зошто?
Затоа што потпишувајќи ги своите коалиции за земање на трошки од колачот, тие всушност потпишуваат да: Негираат испади на омраза кон Ромите, прикривање на инциденти, необезбедување на инфраструктура, желба за лично и незаконско профитирање, злоупотреба на интеграциите и службената положба и за уште „еден мал милион - лични привилегии„
Всушност и затоа учтиво се бара од вас, веднаш да си ги преиспитате вашите лидерски функции (кои и така не умеевте да ги вршите) во ваше, а во наше име, основани партии.
Доколку ја имате доблеста да признаете дека досегашните ваши активностите се вистинка НУЛА, тогаш оставете простор за напредната политичка прогресивна нова ромска политичка крв. Со таквиот чин ќе ослободите место за враќање на гордоста на вистинските Роми и на нивната визија. Ослободете го просторот и воедно Ромите од вашето политичко заточеништво, за да дојде до израз Слободата и визијата на прогресивните Роми!
Новите и напредни сили на Ромите многу добро знаат дека сеуште животот на Ромите во Македонија е политички манипулиран и контролиран.
Младата ромска заедница се прилично ограничени кога се работи за нивното присуство и ангажман во политички активности.
Кога се зборува за политичко вклучување не реферираме на партизирано вработување, туку на адресирање и залагање за прашањата и проблемите со кои Ромите се соочуваат.
Потребно е да се смени начинот на презентирање и адресирање на проблемите со кои Ромите се соочуваат, наместо да се нарекуваат “ромски проблеми” и да се направи категоризација на една група, со цел да се одбегне одредена одговорност (држава – граѓани), треба да укаже и прифати дека тоа се политички и социо-економски проблеми кои ги зафаќаат ромската заедница како последица на долгогодишна стигматизација и дискриминација на истата група.
Оставете на новата ромска политичка визија да го сработи тоа, без ваша помош - без помош на излитената ветеранска ромска политичка гарнитура.
Господа стари ромски политички лидери, време е за ваш политички ФАЈРОНТ!