Ромската партија соопштува дека во населбата Торњош покрај Сента, Војводина претепнао било дванаесетгодишно девојче од ромска националност која отишла да купи леб.
Партијата предупреди дека нема поголема општествена опасност од напад врз деца на улица.
Портпаролот на Ромската партија Сања Шајн вели дека сторителот на ова дело е познат.
"Бараме од државните органи да постапат според законот , да ја задржат 32 годишната жена кое го сторила ова дело и да се казни според законот„ напомена Шајн.
Таа вели дека вакви инциденти предизвикуваат нездрав општествен амбијент на подолго време и дека Србија треба да обезбеди сигурност за сите деца , и дека секое дете треба да е заштитено од сите форми на насилство.