Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија спроведувајќи ги доследно заложбите за давање на еднакви можности на сите граѓани за нивно вклучување во процесите на креирање на политики значајни за развојот на нашата држава, го објавува овој повик за изразување интерес за ангажирање лице ‒ надворешен соработник за прашања од областа на мултикултурализам, политики, стратегии и програми за инклузија на Ромите во Република Северна Македонија.
За пријавување на јавниот повик потребно е да се достави писмо за интерес во кое ќе ги објасните вашиот мотив како и CV.
Лицата треба да ги исполнуваат следните критериуми:
– да се државјани на Република Северна Македонија;
– да се полнолетни;
– со правосилна судска пресуда да не им е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност;
– да имаат завршено најмалку високо образование VII/1 степен или студии со стекнати 240 ЕКТС од областа на општествените науки;
– да имаат искуство во работата на законодавната, извршната или судската власт;
– да има најмалку 5 години работно искуство во работа и соработка со невладини организации од земјата и странство, од областа на мултикултурализам, политики, стратегии и програми за инклузија на Ромите во Република Северна Македонија и евроатлантски интеграции.
– да имаат познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски). Познавањето и на други јазици ќе се смета за предност;
– да ги исполнуваат условите за добивање на безбедносен сертификат.
Писмата за изразување интерес со документацијата треба да се достават во писмена форма до архивата на Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија, на ул.„Ацо Караманов“ бр.33А, Скопје, со назнака „Јавен повик за изразување интерес за ангажирање на надворешен соработник“, во рок од 5 (пет) работни дена од денот на објавата на овој повик до 18.10.2019.