Во орханизација на Канцеларијата на ОБСЕ за демократски институции и човекови права (ОДИХР) во Варшава на 4 јуни беа присутни по покана од ОБСЕ и ОДИХИР меѓудругото и Претседателот на ИРУ Зоран Димов, како и директорот на НРЦ, Куманово Ашмет Елезовски.
Меѓу другото Зоран Димов имаше и своја успешна презентација за значењето на медиумите во политичките изборни процеси и улогата на Ромите во тие процеси
Инаку главните цели на работилницата беа:
Да се подигне свеста за ограниченото изборно учество на Ромите во Западен Балкан; и
да биде форум за размена на добрите практики во промовирањето на вклученоста на Ромите во соработка со одговорните институции во следењето на изборните препораки изнесени во извештаите за набљудување на изборите, како и препораките на “Третиот извештај за состојбата на ОДИХР: Имплементација на акциониот план за подобрување на состојбата на Ромите и Синтите во рамките на ОБСЕ, за Ромите, со Ромите “.
Настанот го организира ОДИХР преку својата поддршка на изборите во Западен Балкан, финансиран од Европската унија и Австриската агенција за развој.