Беше и помина 21 Април 2019, првиот круг од претседателските избори во државата!
Првиот круг според извештаите помина во фер о демократска атмосфера без некои сериозни инциденти.
Излезноста на државно ниво беше околу 41.8 % или севкупно од 1.808.131 своето правото на глас го оствариле 755.816 гласачи. Според ДИК Блерим Река освои 79.915 гласови Гордана Силјановска Давкова 319.240 додека Стево Пендаровски 323.846 гласа.
Во вториот круг на 5 мај за функцијата Претседател на државата ќе се борат кадидатот на ВМРО -ДПМНЕ и коалицијата Гордана Силјановска Давкова и кандидатот на СДСМ и коалицијата Стево Пендаровски. Разликата во гласови е повеќе од очигледна и тесна, и затоа се предвидува незивесен до крај втор круг на избори.
Е сега да се навратиме малку на ромскиот електорат. Што покажуваат резултатите? Како пример и релевантен параметар земена е општината Ш.Оризари центарот на ромските случувања. Што покажаа резултатите? Многу интересна и очигледна ситуација. Во Шуто Оризари од вкупно запишани 23.765 гласачи на гласање излегле 5.152 гласачи или „феноменални„ 21,73% излезеност! Тоа е двојно помалку од излезеноста на ниво на Републиката.
Воедно исто така и разликата помеѓу двајцата кандидати кои влегоа во вториот круг е скоро незначителна од околу 500 -тини гласови или 10% предност за Стево Пендаровски!
Што е причината за толкава мала излезеност на ромскиот електорат? Се покажаа ли ромските политички лидери пред своите ментори од СДСМ и ВМРО ДПМНЕ. Ова повеќе се однесува на оние кои во претходните три недели за време на кампањите се „утепаа„ со направени селифија со Зоран Заев, Стево Пендаровски, Оливер Спасовски, и буквално го преплавија ФБ со нивните големи активности и сигурна мобилизација на ромскиот електорат. Но резултатите што покажуваат?
Според проста математика ако во Шуто Оризари за Пендаровски гласале 2.351 граѓани пропрционално од тие 21% на излезени , со сигурност дека во тој кош има и над 500-тини гласа албански гласови и резултатот покажува дека ромските лидери кои се обединиа заеднички да го подржат Пендаровски (СДСМ, ПЦЕР, СРМ, ОПЕР и др ) успеале секој од нив да „убеди„ по 300-тини Роми да го дадат својот глас за Стево! Тоа ја покажува целосната слика за „големата моќ„ на ромските лидери. Ова е вистинска врела шлаканица за сите нив од ромскиот народ! Многу убаво знае да казнува фрази „Моите Роми„ со сликање со сиромашниот народ и нивното бедно опкружување. Многу убаво зане да казнува фрази од типот „Ќе тепаме 7:1„ Нека ви работи малку мозокот, инаку веќе сте близу са прешкртување од листата на актуелната власт. Тоа ја покажува вашата вистинска моќ и сила другарчиња!
А истовремено токму во екот на претседателските кампањи одеднаш на „површина„ излегоа и некои граѓански асоциајции (млади интелектуалци) кои дискретно себе си си се промовираат во „идниот ромски политички двигател и сила„ преставувајќи се преку разни активности, средби, манифести и сл.
Но сепак се е веќе видено! Токму на овие избори се покажува таа нова „инфузивна идна свежа ромска политичка крв„ Познавајќи го составот на идната млада ромска политичка иднина кои повеќето се од западниот и источниот регион на државата, а споредувајќчи ги резултатите од центарот на ромската политичка активност (Скопје -Шуто Оризари) произлегува истиот постигнат ефект. Излезноста во Тетово и Гостивар е 29,5% односно 25.9% аналогно толку излегле и Роми!
А истовремено ако се знае дека таа нова идна свежа интелектуална политичка инфузија нејзината цел е самопромоција пред актуелната власт, во источниот регион на Македонија предноста е кај Гордана Силјановска Давкова за повеќе од 6.000 гласови!
Исто овие резултати покажуваат колку тие млади и идни самопрогласени ромски политички лидери кои произлегуваат од ромскиот НВО сектор се многу „влијателни„ кај Ромите. Нека се освестат и тие дека со „соло игра„ и игнорирање на останатиот ромски фактор се обична безвредна алка во ромското политичко движење. Нарцисодиноста не води никаде.
Овие шлаканици и доживеани нокдауни нека бидат освестувачки фактор. Бидете реални и не летајте многу. Ромскиот народ не преставува само ваша бројка и весела математика. Ромскиот народ знае убаво и да казнува - користољубие и самобендисаност!