Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова со разлика од само околу 4.500 гласа во полза на кандидатот на владејачката коалиција влегуваат во вториот круг.
Со оптимизам за убедлива победа и очекување за поддршка од поголем број гласачи двата табора ја стартуваат кампањата во пресрет на петти мај.
Пендаровски барајќи поголема поддршка во второто гласање вели ги разбира гласачите кои вчера не излегоа на гласање и оние кои го дадоа гласот за неговите противкандидати. Не е изненаден од резултатите, а причините што изостана голема разлика меѓу неговиот главен соперник во претседателската трка Сиљановска Давкова, според Пендаровски, се повеќе од непопуларните одлуки на Владата до незадоволството од локалната власт.
За ВМРО ДПМНЕ резултатите од вчерашното гласање се голема одговорност во пресрет на вториот круг.
И лидерот на СДСМ и на ВМРО ДПМНЕ синоќа прогласија победа, кој очекуваат да се потврди во вториот круг.
Сиљановска синоќа заблагодарувајќи се за поддршката порача битката допрва следи и дека на земјава и треба нов профил на политичари. За опозицискиот лидерот вчерашното гласање е јасна порака до власта и нејзино делегитимирање.
Од Изборниот штаб на Река, остануваат на изјавата од синоќа на нивниот кандидат, тргување со гласови нема оставаат неговите поддржувачи да одлучат по сопствена волја.