За прв пат сајтот на едно српско министерство ќе биде и на ромски јазик

Сајтот на Министерството за градежништво, сообраќај и инфраструктура ќе биде преведен и на ромски јазик, што преставува едниствен потег во Србија и регионот, затоа што по прв пат сајт на една државна институција на Балканот ќе биде преведена на овој јазик, се вели во соопштението од ова Министерство.

Како што се наведува , иницијативата ја предложи потпреседателот на Владата на Србија и министерката Зорана Михајловиќ, која е на чело на Координативното тело за следење на реализацијата на Стратегијата со социјално вклучување на Ромите и Ромките во Србија.

"Михајловиќ сака и на овој начин да даде активен придонес за подобар пристап до информациите , услугите и активностите кое Министерството и целиот тим на Владата ги даваат се со цел ефикасна инклузија на ромската заедница во општеството и поради овој настан таа ги повика и останатите министерства барем дел од своите содржини кои се релевантни за ромската заедница и вклушување во општеството да бидат преведени на нивниот јазик„ се вели во соопштението.

Се додава дека Владата на Србија работи многу во интеграција на ромската заедница во општеството и сите мерки кое државата ги спроведува , и се за подбри услови од областа на вработување, образование, , здравство и домување за припадниците на ромската заедница ќе бидат преведени и на ромски јазик.

"Покрај сајтот на Министерството за градежништво, сообраќај и инфраструктура во тек е и изработка на повеќејазична веб платформа на Координативносот тело за следење на реализацијата на Стратегијата со социјално вклучување на Ромите и Ромките во Србија, и така на едно место ќе има база со најрелевантни информации, стратешки документи и публикации поврзани со следење на реализација на Стратегијата и Акцискиот План„ се додава во соопштението.

Link: https://www.blic.rs/vesti/drustvo/prvi-put-sajt-jednog-srpskog-ministarstva-bice-i-na-romskom-jeziku/jntdknp?fbclid=IwAR0xGB0AUPBqrMk-rhN8t8gRKVrg4BqYLwp9QKu4ujMvuc6XlxYd3pK_AHU

 

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 480 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот