Алвин Салимовски, директор во ООУ „Браќа Размиз - Хамид“: Ги разбиваме стереотипите дека ромските деца не учат

Постојат стереотипи дека ромското население не учи доволно. Нашата мисија е токму тоа, да ги разбиеме овие стереотипи, вели Алвин Салимовски, директор на училиштето „Браќа Рамиз - Хамид“ каде 90 проценти од учениците се Роми.

Со повеќе од 2.000 ученици, речиси 80 паралелки и 121 наставник, во одделенска и во предметна настава, училиштето „Браќа Рамиз - Хамид“ од скопската општина Шуто Оризари е едно од најголемите основни училишта во земјава.

„Мисијата на ова училиште, на прво место, е квалитетно образование“, вели Алвин Салимовски, директор на „Браќа Рамиз - Хамид“.

Салимовски вели дека главна цел им е на учениците да им се oлесни следењето на наставата.

„Во ова училиште се направени многу реконструкции, со една цел – учениците да го чувствуваат училиштето како свој дом“.

Сепак, ниту ова училиште не е имуно на трендот на иселувањето што важи за целата држава и кој води кон намалување на бројот на учениците.

„Има многу семејства што заминале во странство, престојуваат во странска држава неколку месеци, па се враќаат повторно во нашето училиште. Па други семејства одат. Но, да, во последно време бројот на ученици е намален токму поради заминувањето во странство“.

Еден од предизвиците со кои се соочува училиштето е што дел од родителите и не ги запишуваат првачињата во предвидениот мајски уписен рок.

„И доаѓаат во август, во септември. Таа бројка се менува. Меѓутоа бројката на првачиња, оваа година, и три години наназад се движи се од 250 до 300 првачиња“.Но, има и ученици што прекинуваат со одење на настава. Најчести причини за тоа се немање постојани живеалишта, како и заминувања на сезонска работа на семејствата низ државата или во странство. За да се надмине тој проблем, училиштето ги испраќа наставниците да разговараат со родителите, како прв чекор за враќање на тие деца во училишните клупи.

„Наставниците одат, го посетуваат домот, извршуваат разговор со родителите, доколку се тука. Доколку успееме да ги вратиме во образование, тогаш сме успеале. Доколку не, тогаш во тој случај ги праќаме и образовните медијатори“.

Во владината стратегија за инклузија на Ромите 2022 – 2030 година се посочува дека кај дел од учениците се забележува и понизок степен на успех. Првиот човек на „Браќа Рамиз Хамид“ укажува дека голем удел во тоа има финансиската состојба на семејствата. „Доколку родителите се невработени, немаат можност на своите деца да им овозможат сè што е потребно за училиште, тука веќе настанува проблем. Во нашето училиште имаме и ученици коишто доаѓаат од многу сиромашни семејства“.

Алимовски смета дека едно од решенијата за таа состојба е да им се обезбедат соодветни услови на учениците.

„Ние како наставници не можеме да го смениме домот на ученикот, меѓутоа училницата можеме да ја смениме“.

Според Стратегијата за инклузија на Ромите нема точен податок за бројот на децата Роми во државата што се надвор од образовниот процес. Од „Браќа Рамиз Хамид“ сметаат дека таа бројка кај нив е мала, но главната порака ја упатуваат до родителите.

„Се трудиме да ги информираме и да им укажеме на родителите дека образованието е една од најбитните алки во животот“.

Link: https://mk.voanews.com/a/borba-protiv-stereotipite-uchilishteto-brakja-ramiz---hamid-so-misi%D1%98a-da-sozdade-uspeshni-generacii/7263625.html

 

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 46 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот