Претседателот на РБИЦМ, Зоран Димов изрази голема благодарност до Амбасадорот на Р.Словачка во Скопје, НЕ Хенрик Маркуш во реализација на проектот „Педагошки помошници„

Во рамките на активностите на Ромскиот бизнис инфрмативен центар во Македонија и успешната реализација на проектот – Обука за нови Педагошки помошници, нејзиниот претседател Зоран Димов, имаше средба со Амбасадорот на Р.Словачка во Скопје, НЕ Хенрик Маркуш.

Целта на оваа средба која беше остварена во Амбасадата на Словачка, беше изразување на голема благодарност до Амбасадорот Маркуш за несебичната финансиска помош од страна на Словачката Влада за реализација на проектот „Педагошки помошници„ за помош на деца во основното образование„ кој како спроведувач и провајдер на обуката е РДИЦМ.

Од оваа обука произлегоа нови 10 Педагошки асистенти, како кадар кои со стекнатите сертификатим вршат активности и работа со деца од основните училишта, кои имаат потешкотии во совладување на училишниот материјал.

За време на средбата Зоран Димов ја изрази својата благодарност до словачкиот амбасадор Маркуш, за несебичната  финансиска поддршка во реализација на спроведување на проектот.

По тој повод Димов му врачи и специјална плакета – благодарница. Амбасадорот Маркуш за време на оваа средба, го изрази своето задоволство што помогнаа во реализација на спроведување на обуките, и напомена дека овој проект го оценија како важен, токму затоа што се работи за една од најмаргинализираните заедници како во светот така и во Македонија , а тоа е ромската заедница.

Тој напомена дека и во иднина Словачкатра амбасада е подготвена да помогне, во слични вакви проекти кои се тесно поврзани со ромската заедница.

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 21 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот