Иако на сите им е добро познато и воедно заведено на национално и интернационално ниво дека терминологијата „Цигани„ уште од 1971 година е заменета со терминологијата „Роми„, таа воопшто на повеќе места и начини не се употребува.
Доказ за тоа е и во Србија во ОУ. Јосиф Панчиќ во Белград., каде наставничката на учениците од второ одделение им ја поделила приказната „Циганот и дињата„. Претпоставка е дека наставничката сакала на децата да им сподели некои наворученија кои можат да произлезат од такви приказни. Но во тоа одделение имаше и еден ученик од Ромска националност, и може да се запрашате, како се чувствувало тоа дете?
Токму во пресрет на 8 Април Интернационалниот ден на Ромите, наместо да им даде некоја задача на тие деца да научат нешто повеќе за Ромите и елиминирање на пежоративот „Цигани„ па да научат нешто повеќе за Јул Бринер, Чарли Чаплин , за Рони Вуд, Ава Гарднер или Хоакин Кортес и сл.
До која крајност се оди во се поголемата стигматизација и антиромско расположение. Типичен пример за тоа е и овој пример од Србија. Па до кога?