Успешна Ромка е како Супермен, таа има неворојатна сила секој ден да се разбуди, да се насмее и работи, да створува и да остане насмеана и исправена, наспроти сите бури која ја бијат.
Со овие зборови познатата оперска солитска Наташа Тасиќ Кнежевиќ ја опишува ромската жена, која е и самата Ромка, која успеа да излезе од традиционалните рамки.
А неодамна токму таа сила и самата ја покажа. Социјалните мрежи во Србија со денови пишуваа за непријатноста која ја доживеа во еден супермаркет.
Всушност кога со уште неколку луѓе тргна кон излезот на тој супермаркет, се вклучи алармот. Сепак единствено „сомнителна„ кај обезбедувањето беше токму таа. Ја запреа и и наредија ги да извади сите работи , додека останатите од групата слободно си пројдоа.
Тоа што нејзе ја „квалификуваа„ како „крадец„ беше всушност само незината боја на кожа. Не беше доволно што обезбедувањето ја понижи, и таа „истрага„ ја помагаа и луѓе од страна случајно затекнати таму , со дофрлање на непријатни коментари во врска со Ромите.
Link: http://www.portal-udar.net/edukacijom-majki-romkinja-do-samostalnih-buducih-zena/