Од УНИЦЕФ исткнаа дека е потребно образование кое на секое дете ќе му овозможи најдобра шанса да го развие својот маскимален потенцијал во сите фази од животот.
Инаку, за писменоста на младите во Македонија прв пат се покренаа дебатите поради економскиот извештај на Светската Банка за Западен Балкан од 2017 година, кога излегоа со податоци дека во Македонија две третини од младата поулација е функционално неписмена. Од 70 рангирани земји во светот, Македонија е на 68 то место, пред Косово и Доминиканска Република.
Нацрт-извештајот содржи и препораки за реформа на националното оценување, ревидирање на државната матура како и функционален систем за професионален и кариерен развој на наставниците.
Оваа анализа ќе се рефлектира и ќе се преиспитуваат некои наши ставови како министерство и како влада, во насока на подобрување на образовниот систем. Дел од нашите ставови се инкорпорирани во нацрт верзијата на законот за основно образование.“ - вели Арбр Адеми, Министер за образование и наука.