Премиерата на документарцеот „Небо , Точак, Земја„ е зад нас но сепак сеуште не стивнуваат реакциите на тие кои беа дел од премиерата на 31 август.
Според реакциите како што велат филмот на мошне спокоен начин и со смирен тон ја пренесува драматичната историја на Ромите, без оваа вообичаена тага, што се јавува кога се гледа документарец за луѓе кои страдале. Сосема достоинствено и без обид дополнително да се дразнат таговните емоции кај гледачот. Од позиција на гледач, неоптоварувачки филм.
Истовремено според другот дел од страна на гледачот вели дека Документарниот филм "Небо, точак, земја" визуелно ја претстави научната експликација за потеклото на Ромите. Од аспект на видео продукцијата, велат дека успешно е склопена приказната преку интересни визуелни ефекти како и материјали кои за прв пат се презентирани. Тие го препорачуваат филмот до пошироката јавност со цел запознавање со историјата.