Се издигна над сите и им покажа која е таа! Борбата беше тешка и мачна но вредеше. Но како се избори за свое место во општеството и ги победила сите предрасуди кон Ромите , раскажа Александра Александровиќ (28) од Нови Сад.
- Да, бев дискриминирана поради мојата боја на кожа и затоа што сум Ромка. Има различни начини на дискриминација.
Кога бев во трето одделение во основното училиште, наставничката ги раздели децата , белите од потемните. Белите деца беа сместени во првите клупи напред, а децата со темна боја на кожата ги смести во последните клупи, и тоа со еден празен проред меѓу тие клупи.
Кога и да дигнев рака за да одговорам на нејзините прашања , таа ме игнорираше. Како да не постоевме ние потемните деца од последните клуп- се подсетува Александра на своето детство.
-Дојдов дома расплакана и му кажав на татко ми што се случува. Утредента татко ми отиде на училиште , разговараше со наставничката и состојбата повеќе не беше таква.
Но по неколку дена наставничката додека ни ги проверуваше домашните задачи ме запраша, Александра дали ти си Ромка? И одоговорив: „ Да јас сум Ромка„. Во тој момент настана молк и тишина, децата ме гледаа, како да сум рекла нешто ужасно и страшно.
- Сите сме свесни фрка додека сте дете сето тоа интензивно го преживувате , дека тогаш се трасираат многу работи и се поставуваат темелите за понатамошниот живот.
- Инаку дискриминацијата и расизмот и понатаму постојат . но тоа што можам да го направам е тоа да не дозволам да влијае врз мојата психа, и да не дозволам да паднам.
- Паралелно со основото посетував и нижа музичка школа во „ Исидор Бајиќ„ во Нови Сад и главен инструмент ми беше армоника. Потоа запишав и средна музичка школа , главен инструмент клавир, но исто така ја задржав и хармониката и свирев во оркестарот.
Потоа се запишав на Академијата за уметности . студиски програм Етномузикологија, со главен инструмент тамбура и клавир. По дипломирањето запишав и Мастер студии во Театарот , драмски департман во новосадската Академија за уметности. Зимскиот семестар го посетував во Нови Сад, а летниот во Норвешка во градот Берген преку Еразмус програмата за размена мна студенти. Успешно го одбранив мастерот и тезата со наслов: „Интеркултуралност низ наставните единици по предметите музичко и математика„ и се стекнав со диплома мастер драмски педагог, напомена Александра.