Богатата традиција на Ромите од Лесковац, некогаш ја презентираа надалеку познатото КУД „Шефкет Ибраимовиќ„
Ова културно уметничко друштво неофицијално е формирано во во 50-тите години од минатиот век, а функционирал како група на граѓани се до 1973 година кога официјално се регистрирани. Ова здружение броеше преку 100 членови и функционираше во повеќе културно уметнички секции. Настапуваа низ некогашната Југославија и Европа, и освојуваа многубројни домашни и меѓународни признанија на различни натпревари помеѓу Културно уметничките друштва.
За жал овој КУД не функционира повеќе од една деценија , затоа што нема заинтересирани млади луѓе кој би ја продолжиле традицијата на богатата традција на Ромите од Лесковац .
КУД „Шефкет Ибраимовиќ„ официјално постои само на хартија.
Во разговор со некогашните членови на овој КУД тие со носталгија се присетуваат на настапите и успесите .
Тие изразија надеж дека сепак ова КУД ќе заживее во рамките на Домот на културата на Ромите во Лесковац.
Тоа го потврдија и директорот на Домот на културата на Ромите во Лесковац , Среќко Живковиќ како и портпаролот на градоначалникот на Лесковац Александар Стојановиќ дека ќе дадат целосна подршка.
Истоа така напоменато е дека потребно Ромите да го сочуваат својот културен идентитет, и дека тоа може да го сторат и преку реактивирање на КУД „Шефкет Ибраимовиќ„ од Лесковац
Link: