На церемонијата на 76 филмски фестивал во Венеција на 28 август покрај светските филмски ѕвезди Роберт де Ниро, Бред Пит, Кетрин Денев, Џони Дип и др, ќе биде и познатиот режисер Емир Кустурица.
Тој ќе биде претседател на жирито во настпреварувачкиот дел за најдобар дебитантски филм.
овогодишното издание на еден од најпрестижните фестивали како што најавија италијанските и светски медиуми ќе ја отвори семејната драма „Вистина„ на јапонскиот режисер Хироказуа Корида, минатогодишниот победник на канскиот „Златна Палма„ каде главните улоги ги толкуваат Кетрин Денев, Жилиет Бинош и Итан Хоук, кој ќе биде во натпреварувачкиот дел заедно со уште 21 филмско остварување.