Фламенко е еден вид на шпанска музика и игра кој потекнува од Андалузијаво јужна Шпанија.
Се смета дека фламекото во форма каков што ни е познат денеска датира од 18 век а се состои од (cante), свирење на гитара (toque), танц (baile) и плескање со дланките (palmas).
Во зборникот на Шпанската кралска академија фламенкото е поврзано со етничката група Роми (Gitanos) со фактот дека тие направиле сериозно влијание на овој жанр.
Во Ноември 2010 година УНЕСКО го прогласил за нематеријално светско богатство.
Инаку Фламенкото настанал во 16 век во Андалузија помеѓу Севилја, Кадиз и Херес а за постоењето пресудни биле Арапите, Евреите, Андалузијците и најмногу Ромите.
Настанал со мешавина од ромска музика и народна андалузиска музика кој тогаш имала традиција со пеење во придружба на гитара.
Познати термини во фламенкото се:
Оле е иермин кој изразува воодушевување во перформансот на фламенкотом и преставува форма на шпански сленг од зборот „дојди“ (на шпански venga
Терминот Duende е специфично чувство во фламенкото. кога изведувачот чувствува длабока душевна врска помеѓу музиката и публиката.
Tener duende („Да се има Дуенде“) значи да се ума душа повисока состојба ма емоција и терминот е често поврзан со фламенкото. Уметничкиот и музичкиот израз посебно е направен од формата дуенде што значи вила, гоблин, мистично суштество во шпанската митологија.