Горан Ѓурѓевиќ, претседател на Здружението Ловари од Маглениќ и воедно основач на Ромското етно село, вели дека со задоволство ја презентира ромскта историја и традиција на младите, од причина да дознаат дека ромите не се воопшто онакви какви се презентирани на јавноста.
Авторот на книгата „ Историја и обичаите на автохтоните хрватски Роми - Ловари„ кој за себе вели дека е првиот деклариран Ром од новата историја на Хрватска со факултетска диплома.
Инаку тој е семеен човек кој е посветен на традицијата и воедно познат одгледувач на лаванда.
Како што вели Ѓурѓевиќ, дури и папата ја знае ромската историја и култура како и нивните страдања поради кои како што вели тоа ја одбечежува и делот од црвената боја која ја има на ромсклто знаме.
Според Ѓурѓевиќ, во минатото црвената боја според ромските верувања донесуваше среќа како и одбивање на уроци и магии, но исто и е сведок на пролеаната ромска крав во текот на историјата. Тој идната година ќе биде и гостин на папата во Ватикан.