Рамазан Бајрам (арапски . عيد الفطر, eng. Eid al-Fitr; е важен исламски празник кој се прославува по завршеток на месецот Рамазан, месец на постот и воздржаноста.
Со овој ден се одбележува и завршетокот на 30 дневниот пост Рамазанскиот Бајрам е прв ден на месецот Шевала, десеттиот од дванасете лунарни месеци во исламскиот календар.
Точниот ден зависи секогаш од локацијата и местоположбата на регионот.
За време на Рамазанскиот Бајрам се прави посебен намаз кои се состои од два реќата.
Тој може да се направи само конгрегација, и воедно има и шест текбири.
Еве примери на неколку јазици како е наименуван Рамазанскиот Бајрам
Арапски – عيد الفطر Eid Al-Fitr
Англиски – Eid Al-Fitr
Индијскиi – ईद उल-फ़ित्र ("Eid ul-Fitr")
Кинески –开斋节 / Kāi zhāi jié ("Фестивал на крајот на постот")
Германски– Ramadanfest, Zuckerfest (Шеќер Бајрам)
Шпански – Fiesta de la ruptura del ayuno
Турски – Ramazan Bayramı - Şeker Bayramı