Кинотеката на Македонија започнува акција за подигнување на еколошката свест, па затоа од 1 април секој љубител на филмот кој ќе дојде на проекција со велосипед ќе добие бесплатна влезница за кино проекциите за тој ден. Акцијата трае до крајот на месец април.
А во рамки на месец април, во Кинотека, љубителите на филмови ќе можат да погледнат европски остварувања, потоа филмови како дел од Интернационален ромски филмски фестивал „Златно тркало“, Детскиот фестивал за слика и филм – Буф, дел од филмовите на Скопје филм фестивал, односно специјалната програма со омажот на Мето Јовановски, како и филмови на режисерите Буњуел, Саура и Берланга.