Слободан Берберски е познат ромски поет и еден од иницијаторите на југословенските Роми да се назначат со именката Ром. Оваа акција започна во 1967 година. Тој беше и првиот претседател избран на Првиот Светски Конгрес на Ромите -денешен ИРУ кој се одржа на 8 април 1971 година во Лондон .
Инаку Слободан Берберски е роден на 20 октомври 1919 година во Зрењанин каде звршил основно и средно образование . Започнал да студира Право , но како член на СКОЈ беше уапсен во 1941 година.
Инаку негови објавени книги се После дождот доаѓа виножито - Za kišom biće duga (1950), Пролета и очите - Proleće i oči (1952), Зема - Uze (1955), Невреме -Nevreme (1959), Дневникот на војната - Dnevnik rata, (1959), Благ ден -Blag dan (1964), Каде - Kote (1968), Заминувањето на братото Јакала -Odlazak brata Jakala (1976), Како безкожни елени -Kao beskožni jeleni (1977), Уште сонот себеси да си се доврши - Još san sebe da dovrši (1979), Граници -Međe (1982), Секоедневие -Svakodnevnica (1983), Ненадојдени води - Vode nečekane (1984), Дуб -Dub (1986).
Берберски непрекинато другаруваше со овиедневни деновисо раскажување не само себе си туку и светот , луѓето во секоедневието, за тагата и радоста , за насмевките и солзите и воопшто за човекот.
Неговата поезија е преведена на ромски, француски, руски, унгарсји, романски, албански и словенски јазик.
Денеска и една улица во Белград го носи неговото име. Инаку починал во 1989 година во Белград.