Antigypsyism

В.Британија: Владата обвинета за игнорирање и негрижа за Ромите и патниците

Комитетот за жени и еднаквост го објави својот извештај за истраги во април, поставувајќи препораки за да помогне во подобрувањето на резултатите во низа области како што се здравството, образованието, криминалот од омраза и насилството врз жените и девојките.

Сепак, писмото испратено од страна на комисијата за заедници, и министерот Лорд Борн, вели дека "дел од одговорот нема фокус и конкретни обврски, а ние побаравме од министерот да не врати назад за 12 месеци".

Во соопштението од Комитетот се опишува писмото, потпишано од страна на претседавачот Марија Милер, како што е наведено "загриженоста дека неколку клучни препораки се игнорирани".
Милер вели: "Овие прашања не се нови.

" Ромите и патниците имаат некои од најлошите резултати од која било етничка група - во здравството, образованието и вработувањето - и се соочуваат со високо ниво на дискриминација и криминал од омраза".

Link: https://www.cypnow.co.uk/cyp/news/2006878/government-accused-of-ignoring-concerns-of-gypsy-roma-and-traveller

Препознавање и одбележување на Ромскиот геноцид во Европските држави

Грција
Во Грција за геноцидот на Ромите се изучува во средното образование.
Во Грција нема официјални информации за грчки Роми депортирани во концентрациони логори.

Австрија
Во Австрија нема конкретни информации на кое ниво учениците го изучуваат геноцидот на Ромите и Синтите. Во Австрија се одбележува 5ти мај, денот на ослободување на кампот Маутхаусен, како национален ден против насилство и расизам во сеќавање на жртвите на национал-социјализмот. Во одбележувањето се вклучени и жртвите Роми.

Чешка
Министерството за млади, спорт и едукација вклучува наставна програма според која е неминовно изучувањетона геноцидот на Ромите и Синтите, како и на целосните настани на дваесеттиот век, Холокаустот, Чехословачкиот антифашистички отпор и Втората светска војна..

Франција
Настава за геноцидот на Ромите и Синтите се изведува на сите нивоа на образование иако не се обезбедени дополнителни информации за едукативните практики. Во Франција нема посебен ден за комеморација на геноцидот на Ромите и Синтите поддржан од владата. Сепак на 70-та годишнина на Vel d’Hiv настан за комеморација на жртвите во Париз, Претседателот во говорот ги има вклучено и Ромите жртви на геноцидот.

Германија
Републиките во Германија имаат значителна автономија при утврдување на точноста на содржината на наставниот план, Национал-социјализмот и Холокаустот се програми кои се задолжителни во целата земја. На 24 октомври 2012-та година беше поставен споменик во чест на жртвите на геноцидот на Ромите и Синтите. На церемонијата учествуваа Претседателот, германскиот канцелар, и претседателот на германскиот Бундесрат.


Италија
Во Италија изучувањето за геноцидот на Ромите и Синтите е содржан во наставниот план на високото образование. Иницијативи поврзани со геноцидот се одвиваат како дел од активностите за 27 јануари, во контекст на денот на сеќавањето на Холокаустот.

Полска
Во Полска како ден на комеморација на геноцидот на Ромите и Синтите е 2ри август, и се одржува во Аушвиц. Во церемонијата се вклучени говори од интернационални лидери, се положуваат венци и молитви. Настанот е посетен од државниот врв, како и ромски здруженија. Настанот добива значително медиумско влијание.

Холандија
Холандија нема усвоен национален наставен план, образовниот процес е организиран преку цели и компетентности кои се очекуваат од учениците. Во Обединетото Кралство моментално нема комеморативен настан за геноцидот на Ромите и Синтите.

Ужас во Косово: Дванаестгодишно Ромско дете , силувано па убиено

С.О. (20) е уапсен во Косово Поле осомничен дека повеќе пати го силувал , а пота и го убил на едно дванаесетгодишно момеч од ромска националност чие тело беше пронајдено на патот во близина на неговата куќа, се наведува во информацијата од медиумите.

Телото беше пронајдено пред една седмица , но во првиот момент не се знаеше што е причината. На главата од детето имаше повреди кои улажуваа дека детето починало од удари.

– Не беше познато дали беше удрен со автомобил или беше паднат од некој објект или приколка која проаѓала од улицата. Постоеше и можност дека некој го удрил со тап предмет по главата - беа наводите од косовката полиција.

За време на обдукцијата беше утврдено дека малиот беше силуван и потоа и усмртен. Мајката на детето на полицијата и рече дека нејзиниот син и пред тоа се жалел дека некое машко лице го вознемирувал и му упатувал погрдни зборови.

– Токму тоа полицијата ги доведе до осомничениуот кој поради сомнежот дека извршил тешко дело - убиство и му беше одреден притвор од 30 дена , акцентираше полицијата.

Според неофицијални сознанија, осомничениот С.О. на сослушувањето се бранел со молчење.

Link: http://rominfomedia.rs/uzas-na-kosovu-dvanaestogodisnji-decak-romske-nacionalnosti-silovan-pa-ubijen/?fbclid=IwAR1D_8y9E9GffgDUgoedWi479V87L_IClc63C38aDxO1E7bKf8g8uXANl34

Роми биле заинтересирани за купување на една куќа од словачки сопственик кои подоцна беше испишана со графит и избушени гуми

Марош Хаџега сака да ја продаде својата семејна куќа во Полома, Словачка. На локалните жители, очигледно, им пречи идејата дека може едно ромско семејство кое што дошло да ја разгледа куќата да биде споственик на истата.

Како што информираше сопственикот Хаџега, ромското семејство му соопштило дека не се заинтересирани за купување на неговата куќа и имот. Тој сега вели дека сеуште не одлучил кому ќе ја продаде куќата.

Хаџега одлучил да го продаде семејниот дом преку агенција за недвижнини.
"Многу потенцијални купувачи дојдоа да го видат имотот, и повеќето беа членови на мнозинско општество, но исто не ми сметаше што меѓу кандидати за купување се појави и ромско семејство „ рече Хаџега за словачките медиуми.

Според него, ромското семејство кое дошло да ја видат куќата било "многу респектабилно".

Хаџига верува дека некои од неговите соседи можеби забележале дека Ромите биле заинтересирани за купување на куќата и можеби сакале да ги спречат Ромите да се преселат во Полома. "Од тогаш, тоа е пекол за моето семејство", тврди тој.

 

Link: http://www.romea.cz/en/news/world/slovak-homeowner-considers-selling-to-roma-so-his-neighbors-graffiti-his-house-and-puncture-his-tires

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 84 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот