Полицајците во Бразил ги тероризираат, фаќаат и убиваат Ромите со недели, но ивие шокантни информации сеуште ги нема како тема на медиумите. „Која е бразилската ромска заедница и што навистина се случува?„, гласи неодамнешната објава на Твитер на новинарот и основач на Романи Херстори, Емили Херберт-Понтониер. Многу ромски семејства во моментов се плашат да излезат на отворено, да одат во самопослуга. Покрај тоа, на преживеаните роднини на жртвите им било забрането да се грижат за своите мртви и да ги погребуваат според традицијата. Во манифестот испратен до властите во Бразил, вклучително и претседателот Жаир Болсонар, ИРУ и Ромската Унија во Шпанија (УРС) повикаа да се гарантира безбедноста на бразилските Роми, бидејќи Ромите би можеле да бидат цел на понатамошни расистички напади ИРУ и УРС, исто така, повикуваат на итна интервенција на Обединетите нации и казнување на одговорните.
Инаку бразилските власти, кои во последните недели го споменуваа полициското убиство на Роми и ја охрабруваа политиката за линч, јасно покажуваат дека не подготвуваат ништо различно за иднината од она што го одбележа минатото.
Link: https://phralipen.hr/2021/08/09/romi-na-bolsonarovoj-meti/