Видео: Трагедија: Едногодишно ромско девојче почина ден откако беше сместено во згрижувачк семејство, нејзиниот татко бара одговори

Едногодишно девојче од Печењевац кај Лесковац на 4 септември попладнето било сместено во згрижувачко семејство во селото Шарлинце, а следното утро нејзиниот татко бил известен дека неговата ќерка починала. Според се уште неофицијални информации од пневмонија.

Несреќниот татко тврди дека документот за неговата согласност да го предаде детето на згрижување е буквално подметнато, а од Центарот за социјална работа тоа го демантираат.

„Само барам одговори. Оттогаш поминаа три недели, а јас ништо не знам, ниту пак нешто ми кажуваат во Центарот за социјална работа. Моето мртво дете го донесоа дома без никакви документи, го закопав без потврда за смрт, а извештај од обдукцијата се уште нема“, изјави Денис Демировиќ, таткото на починатото девојче.

Директорот на Центарот за социјална работа, Предраг Момчиловиќ, тврди дека Демировиќ тој ден доброволно дал согласност двете девојчиња да бидат сместени во згрижувачко семејство и дека биле испочитувани сите законски процедури.

За случајот со смртта, додава тој, пред истражната постапка се води пред Вишото јавно обвинителство Лесковац, а обдукцискиот извештај се уште не е целосно завршен.

Во електронската здравствена евиденција на детето се гледа дека на 19 август било однесено на лекар поради болки во грлото“, посочува Момчиловиќ. .

Таткото, пак, тврди дека детето било сосема здраво кога го предал на социјалните работници.

„Вистина е дека пред една недела имаше температура. Ја однесов на лекар на 26, 27, 28 и 29 август. После тоа, таа беше сосема здрава. Дали докторот дал погрешен третман? Но, ако е така како што тврдат, зошто детето не било прегледано од лекарите пред да го однесат во згрижувачко семејство? Дали тоа значи дека социјалните работници биле неодговорни и не ги почитувале законските процедури?“, се сомнева Демировиќ.

Директорот потврдува дека детето без претходен лекарски преглед било сместено кај згрижувачки родител.

На социјалните мрежи има објава дека организацијата РЕУ, се понуди на семејството Демировиќ да им  даде бесплатна правна помош, н за жал на закажаниот состанок со претседателот на РЕУ, г- дин  Имер Кајтази не се појави. Од кои причини сеуште не е познато, објави претседателката на Парламентот на РЕУ Тања Јовановиќ Миловановиќ на својот ФБ профил.

Link: https://resetka.rs/tragedija-jednogodisnja-devojcica-preminula-dan-nakon-sto-je-smestena-kod-hranitelja-otac-trazi-odgovore-video/

Video:

 

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 239 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот