In memoriam Надир Дедиќ 1930. – 2023 - Почина последниот Ром кој го преживеал конц логорот Јасеновац во Хрватска

Сојузот на антифашистичките борци и антифашисти на Република Хрватска на 13 јуни ваа година на својата Веб страна објавиа вест дека починал Надир Дедиќ , последниот Ром кој го преживеал геноцидот врз Ромите во конц логорот Јасеновац во Хрватска во Втората светска војна

Надир е роден во 1930 година во селото Жеравица кај (Босанска) Градишка, каде што живеела голема ромска заедница во периодот меѓу двете светски војни. Предвремено напуштајќи го училиштето, Надир бил принуден да работи. Таткоо му Мустафа го дал кај богати селани, каде што работел како овчар, прво во блиското село Брестовчина, а потоа на имотот на Фолксдојче во Нова Топола. Таму останал до септември 1942 година, кога бил уапсен под обвинение за подметнување пожар и испратен во логор. Бил депортиран во логорот Јасеновац, каде што бил распореден на принудна работа во браварска работилница. Во логорот успева да преживее бидејќи усташите не знаеле дека е Ром, туку го сметале за муслиман (Бошњак). Ослободен е по интервенција на селанец од село Орахово, кој бил пријател на неговиот татко.

По враќањето во родниот крај, повторно почнал да работи како овчар и како и другите Роми во тој регион се поврзал со партизаните. Самиот Надир го виде крајот на војната како член на 20-та Краина партизанска ударна бригада.

По ослободувањето се населил во Загреб, каде што живеел до својата смрт. Бил активен член на ромски организации и учесник на бројни собири во земјата и странство, а благодарение на неговите заложби во раните 1970-ти, во Жеравица бил подигнат еден од првите споменици на жртвите Роми од Втората светска војна. Како еден од ретките преживеани Роми, тој беше поканет во Берлин во 2012 година, каде што учествуваше на отворањето на Меморијалот за Ромите и Синтите жртвите на националсоцијализмот. Со сопругата и синовите, тој редовно доаѓаше во Меморијалниот простор Јасеновац, каде присуствуваше на комеморации во спомен на жртвите од кампот, а неговиот директен пристап ќе остане длабоко врежан во меморијата на сите вработени во Меморијалниот простор Јасеновац.

Последното збогување на Дедиќ се одржа во понеделник, на 19 јуни, во 13 часот и 20 минути во мртовечницата Марково поле.

Link: https://sabh.hr/in-memoriam-nadir-dedic-1930-2023/

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 167 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот