Лидерот на Граѓанската иницијатива „Српски опстанок“ Александар Арсенијевиќ и заменик-претседателот за заедници во општина Северна Митровица Скендер Садику во средата се обидоа да постават знамиња на Србија, Бошњаци, Роми и Турци пред зградата на Владата на Косово во Приштина. Но, полицијата не им дозволила тоа.
Арсенијевиќ и Садику инсистираа знамињата да бидат поставени пред зградата на Владата каде покрај косовското знаме се и знамињата на Албанија, Соединетите Американски Држави и на Европската Унија.
Арсенијевиќ во разговорот со полицајците изјавил дека според Уставот на Косово Србите и другите немнозински заедници имаат право на нивните симболи и побарал да им биде дозволено да ги истакнуваат знамињата на другите заедници признати со устав на Косово. Но, добил одговор дека според Законот за употреба на државните симболи тоа не можат да го направат.