Европските народи негуваат различни историски наративи, имаат различни обичаи и културни обрасци , и односот на различни предрасуди кон поинаквите. Но сепак нешто и ги обединува : во сите европски држави најдискриминирана етничка заедница се Ромите.
Трагичната и тажната историја на ромската заедница во Европа кулминирала за време на Втората светска војна , каде во делови на континетот во сенка на познатиот нацистички геноцид над Евреите. се спроведе темелно етничко чистење на Ромската и Синти популација.
Можност за да се елиминираат непосакуваните сограѓани не ја пропуштија ниту Хрватите , и дел од нив : усташите од крајот на 1942 во Јасеновац , и на други места ги ликвидираа скоро сите Роми кои живееа на тогашната територија на НДХ .
Геноцидот врз Ромите со децении беше премолчуван и тек во последниве години јавноста можеше да се слушне во хрватската јавност повеќе за овие ужасни случувања.
Во склоп за напорите да се спасат од заборав на трагедијата на хрватските Роми , неодамна во зидание на Институтот за општествени науки , Иво Пилар и германската фондација Erinnerung, Verantwortung und Zukunft - EVZ ја објавија книгата “Ромите во Втората Светска Војна во НДХ 1941.– 1945.”, е замислена како прирачник за наставници. Книгата беше преставенана овогодишниот Клиофест, најважната хрватска манифестација за популаризација на исторските факти, која се одржа во Загреб.